Top Sport

Вентура му посака среќа на наследникот

Џампјеро Вентура вели дека на неговиот наследник на клупата на Италија ќе му биде потребна среќа, и додаде дека нема единствена причина за неуспехот на „аѕурите“ да се пласираат на СП во Русија.

69-годишниот Вентура беше отпуштен два дена откако Италијанците одиграа 0:0 со Шведска во Милано, со што Шведска ги елиминираше со 1:0 вкупен резултат во баражот. Италијанскиот печат неуспехот да се оди на едно СП првпат од 1958 година го нарече „апокалипса“ и сега се бара замена за Вентура, со Карло Анчелоти како прв кандидат.

„Поразите, посебно најболните, не можат да се објаснат со една причина. Јас ќе бидам најголемиот навивач на Италија и се надевам дека мојот наследник ќе ја врати Италија каде што ѝ е местото. Минатите денови беа тешки и полни со разочарување. Се чувствувам некомплетен во моментов. Бев горд што бев на чело на тимот како никогаш досега и никогаш нема да се повтори тоа. Работев напорно, го дадов максимумот со целосна сериозност и професионализам, но не успеав во тоа што требаше со група момци на кои секогаш ќе им бидам благодарен“, вели Вентура во интервју за новинската агенција „Анса“.

Буфон во солзи, италијанскиот печат прогласи апокалипса!

Конечно е официјално – Вентура доби отказ

Scroll to Top