Поранешниот италијански селектор, Џампјеро Вентура, човекот кој (не)славно не успеа да ја однесе Италија на Светското првенство во Русија, е блиску до клупата на проблематичниот клуб Киево.
Според „Калчомеркато“, претседателот на клубот од Верона, Лука Кампедели се сретнал со поранешниот тренер на Палермо, Бепе Јакини и му понудил договор до крајот на сезоната, но тие не успеале да се договорат бидејќи Јакини барал договор за следната година, така што најреална опција останува Вентура.
71-годишниот Вентура е без работа откако беше отпуштен од селекторското место минатио ноември, но и тој за италијанските медиуми потврди дека добил понуда од „летечките магариња“. Киево, кои немаат победа во првите осум кола во Серија А, уште официјално го немаат отпуштено Лоренцо Д’Ана.
Фото: ЕПА