Top Sport

Верати ограбен на Ибица, крадците си заминале со плен од 3 милиони евра!

Полицијата на шпанскиот остров Ибица се во потрага на криминалците кои успеале да украдат 3 милиони евра во кеш и накит од викендичката на ѕвездата на Пари Сен-Жермен, Марко Верати, јавуваат шпанските медиуми.

Крадците успеале да влезат во викендичката, за која локалниот печат тврди дека е во сопственост на легендарниот Бразилец Роналдо во неделата наутро, додека фудбалерот и неговото семејство биле излезени. Верати и неговата сопруга, манекенката Џесика Аиди веќе една недела се на островот

Ова не е прва ваква кражба во Шпанија – на 17 јуни, фудбалерот на РБ Лајпциг, Дани Олмо остана без својот „Ролекс“ од 25.000 евра во насилство во Валенсија, во кое со повреди остана неговиот брат.

Scroll to Top