Top Sport

Верати се расплака на збогувањето со навивачите на ПСЖ

Марко Верати го напушта Пари Сен Жермен и ќе ја продолжи кариерата во катарскиот клуб Ал Араби. Тој по 11 години заминува од „Паркот на принцовите“, а синоќа се збогува со навивачите.

Италијанецот дојде во Пари Сен Жермен како младо момче од Пескара за сума од 12 милиони евра.

Верати се фотографираше со 30 трофеи кои ги освои во дресот на ПСЖ и доби овации од навивачите. На крајот емоциите го совладаа и се расплака.

Scroll to Top