Вердер Бремен со 2:0 го совлада Волфсбург за четврта победа во новата сезона од Бундеслигата, со што се израмни на првото место со Борусија Дортмунд и го остави зад себе Баерн Минхен, иако двата клуба имаат натпревар помалку.
„Зелените“ продолжуваат со добри игри оваа сезона, откако со головите на Класен (35. минута) и Егештајн (86. минута) стигнаа до убедлив триумф над Волфсбург, кои по првите две победи во новата сезона имаат пет меча без победа.
Фото: ЕПА