Белгија е еден од фаворитите за титулата на ЕУРО 2020 откако ја завршија групната фаза со три победи, и сега доаѓа осминафиналниот дуел со Португалија, и ветеранот Томас Вермален смета дека не е фер што некои репрезентации ги играа сите мечеви на домашен терен, а некои како нив мораа да патуваат.
Белгија двата меча ги одигра во Санкт Петерсбург, а едниот во Копенхаген, а за осминафиналето ќе патува во Севилја. Доколку влезат во четврт-финалето, повторно ќе патуваат, овојпат во Минхен за подобриот од мечот Италија-Австрија.
„За жал, на турнирот има репрезентации кои сите натпревари ги играа дома, и тоа апсолутно не е фер. Ние моравме постојано да патуваме, а тоа не е добро за вашето тело. Двапати игравме во Русија и се враќавме дома со тричасовен лет. Секако дека тоа пречи“, вели Вермален.