Поранешниот репрезентативец на Белгија, Томас Вермален кариерата ќе ја продолжи во Јапонија. Тој денеска потпиша договор со екипата Висел Кобе.
Вермален по пет години ја напушти Барселона и реши да му се приклучи на поранешниот соиграч Андрес Иниеста. Уште двајца познати играчи го носат дресот на Висел Кобе, тоа се Лукас Подолски и Давид Виља.
Интересно на денот кога Вермален потпиша договор Висел Кобе ќе одигра контролен меч со Барселона.