Top Sport

Вернер доби дозвола да го напушти Лајпциг

Германскиот напаѓач Тимо Вернер доби дозвола да го напушти Лајпциг во зимскиот преоден рок.

Тоа е епилогот од разговорот на Вернер со спортскиот директор Рувен Шредер, пишува Билд.

Вернер моментално е четвртата опција во нападот на Лајпциг, зад Луи Опенда, Бенјамин Шешко и Јусуф Поулсен.

Сезонава се мачи со повреди, а поради сето ова не е сигурен дека ќе добие повик за ЕУРО, кое ќе се одржи во неговата земја од 14 јуни до 14 јули наредната година.

Вернер забележа само 13 настапи, со ограничена минутажа. Постигна два гола и забележа една асистенција.

Се пишуваше дека за него се заинтересирани Манчестер јунајтед и Реал Мадрид, но во тоа нема многу вистина.

Ова е втор мандат на Вернер во клубот, по оној во периодот од 2016 до 2020 година, кога се пресели во Челзи, во кој баш и не се прослави.

За Лајпциг постигна 113 гола на 212 натпревари.

Scroll to Top