Top Sport

Вернер е „планот Б“ за Реал и Барселона

Напаѓачот на Лајпциг Тимо Вернер ќе биде мета на шпанските великани Реал и Барселона во летниот преоден рок. Медиумите во Шпанија тврдат дека во фокусот на овие два тима се наоѓа и Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд.

Барселона бара засилување во нападот, на „Ноу Камп“ не кријат дека први мети им се Нејмар и Лаутаро Мартинез, но имаат и резервен план во кој се наоѓа Вернер, но и младиот напаѓач на Реал Сосиедад Александар Исак.

Специјализираниот фудбалски поратал „goal.com“ тврди дека Реал би сакале Вернер да дојде на местото на Лука Јовиќ, кој има лоша сезона откако пристигна од Ајнтрахт за 60 милиони евра.

Вернер кариерата ја започнал во Штутгарт во 2013 година, а три години подоцна се пресели во Лајпциг. За „биковите“ има одиграно 118 натпревари на кои постигнал 72 гола

Scroll to Top