Top Sport

Финалето на Купот ќе се игра наредната година

Шпанците во 2021 година ќе гледаат два финални натпревари во Купот на Кралот. Фудбалот во Шпанија е ставен во мирување поради коронавирусот поради што е одложено финалето на Купот.

Финалисти во Купот на Кралот оваа сезона се Атлетик Билбао и Реал Сосиедад. Мечот за пехарот беше закажан за 18 април. Ова е историски момент за фудбалот во Шпанија бидејќи прв пат за трофејот ќе се борат големите ривали од покраината Баскија.

Иако сезоната во Шпанија не е завршна поради пласманот во финалето клубовите од Билбао и Сан Себастијан изборија пласман во европските купови.

Според најавите од Шпанија најверојатно во март 2021 во Ла Коруња ќе биде одиграно ова финале.

Ова значи дека наредната година ќе се одиграат две финалиња во Купот на Кралот.

Scroll to Top