Top Sport

Вернер со спектакуларен гол се врати во Бундес лигата

Лајпциг ремизираше со Келн (2:2), во второто коло во Бундес лигата. Натпреварот го одблежа спектакуларниот гол на Тимо Вернер, кој неодамна се врати во Лајпциг по неуспешната авантура во Челси.

Лајпциг двапати имаше предност против Келн, но не успеа да победи.

Тимо Вернер знаеше како да го прослави своето враќање на теренот на Ред Бул Арената, во 36. минута со удар од околу 30 и пол метри му донесе водство на својот тим, но мора да се истакне дека голема грешка направи голманот на Келн, Швабе.

Гостите израмнија во 40. минута, Каинц нафрли од десната страна, Диец беше на вистинското место и погоди за 1:1.

Лајпциг во 45 минута остана со фудбалер помалку на теренот, откако црвен картон доби Собослаи.

Лајпциг и со играч помалку дојде до нова предност, кога Нкунку погоди по додавањето од Олмо. прв поведе, преку Нкунку. Сепак Келн успеа да освои бод, за Гвардиол со постигна авто-гол за 2:2.

Резултати:

Баер Леверкузен-Аугзбург 1:2
Херта-Ајнтрахт 1:1
Хофенхајм-Бхум 3:2
Волфсбург-Штутгарт 2:2

Scroll to Top