Прославениот германски фудбалер Лотар Матеус смета дека за Тимо Вернер е најдобро да остане во Лајпциг. Вернер наводно се подготвува да го напушти клубот во летниот преоден рок. Медиумите овој напаѓач го поврзуваат со Ливерпул.
„Тимо е играч за Ливерпул и по менталитетот и по стилот. Брз е и силен. Конкретен е, не сака да ја држи премногу топката кај себе. Клоп сака брзи играчи, а Тимо ја има потребната брзина“, смета Матеус меѓутоа не верува дека на „Енфилд“ ќе има шанса да игра.
„Вернер има своја позиција во Лајпциг. Тој е централен играч во системот на Нагелсман. Но, Ливерпул е еден од најдобрите клубови во Европа, имаат голем број на добри играчи. Тимо би можел да се вклопи во Ливерпул, тој е играч за големи натпревари, но за да игра во првиот тим некој од триото Мане-Фирмино-Салах мора да испадне. Кога се здрави овие тројца никој не може да испадне од поставата, што значи дека Вернер би бил резерва. Тоа ќе биде лошо за него, тој е играч кој сака цело време да е на теренот“, рекол Матеус и заклучил.
„Најдобро за него е да остане во Лајпциг“.