Фудбалерите на Милан ја победија Верона со 4:1 во рамките на 36.коло во Серија А и на две кола до крајот го испратија овој тим во Серија Б.
На стадионот „Бентегоди“ во Верона гостите од Верона победата ја најавија во 10.минута со голот на Чалханоглу. Милан по првото полувреме водеше со 2:0 откако голот на Верона го погоди и Кутроне во 32.минута.
Второто полувреме започна со прекрасниот гол на ветеранот Абате, а потоа уште два гола паднаа во самиот финиш. Најпрвин Ву Ли намали на 1:3 во 85.минута, а во претпоследната минута конечниот резулта го постави Борини.
Милан со оваа победа на најдобар начин го најави финалето во Купот против Јувентус на 9.мај.