Избраниците на Џан Пјеро Гасперини, фудбалерите на Аталанта од Бергамо попладнево триумфираа на тешкото гостување кај Верона во рамки на 17. коло од Серија А.
Иако во четвртокот „црно-сините“ доживеаја пораз од Вилјарела на свој терен во последното коло од ЛШ, сепак денеска ги собраа бодовите кај незгодниот ривал, по 90 минути на семафорот стоеше 1-2.
Симеоне во 22 минута ги донесе домашните во водство од 1-0, а Миранчик израмни на 1-1 во 37 минута.
Голот вреден три поени беше дело на Копмајнерс во 62 минута.
Аталанта со денешниот триумф собра 37 поени, доволни во моментов за трета позиција.
Верона, пак, останува 11-та, со 23 бода.