Top Sport

Верувал во чудо и заработил „вреќа“ пари (Фото)

Навивач на Црвена ѕвезда бил убеден дека белградскиот тим ќе го победи Ливерпул во Лигата на шампионите и вложил релативно голема сума на „кец“.

Човекот во Виена уплатил 800 евра дека Црвена ѕвезда го слави против европскиот вице-првак. Коефициентот за „кец“ бил 15,08.

На крајот Црвена ѕвезда приреди сензација, победи 2:0 со головите на Милан Павков, а навивачот си заработил 12.064 евра.

Ливчето е хит на социјалните мрежи, а навивачот добива честитки од сите страни.

Scroll to Top