Унион Берлин по 53 години од основањето на клубот заигра во германската Бундеслига, но првиот меч на „Ан дер алтен Ферстерај“ пред 22 илјади верни навивачи не можеше да помине полошо, откако РБ Лајпциг ги растури со 0:4.
Пред мечот, навивачите на Унион Берлин објавија дека ќе ги бојкотираат првите 15 минути од мечот, и тоа не поради својот тим туку поради противникот, бидејќи сметаат дека РБ Лајпциг е „вештачки“ клуб кој е само маркетинг-трик на богатиот австриски сопственик, Дитрих Матешиц.
Навивачите исто така јасно порачаа: „По 10 години, повторно клуб од Источна Германија во Бундеслигата“. Пред 10 години од лигата испадна Енерги Котбус – навивачите не го признаваат Лајпциг како клуб од Источна Германија.
Друг декор на навивачите беа старите фотографии на навивачите кои починаа пред Унион да влезе во германската елита.
At Union Berlin, talking about the atmosphere boycott, Tyler Adams and an old school touch to this great stadium. pic.twitter.com/kqFK9AFHYu
— Archie Rhind-Tutt (@archiert1) August 18, 2019
Отпорот на домаќините беше срушен веднаш по крајот на бојкотот во 16. минута, кога Марсел Халстенберг донесе водство за Ред бул, за до крајот на полувремето да стане јасно дека борбата за опстанок ќе биде реалност за клубот од престолнината, откако Забицер (31. минута) и Вернер (42. минута) постигнаа голови за гостите. Нкунку во 69. минута обезбеди Лајпциг да има совршен старт на бундеслигашката сезона.
Union Berlin become the 56th team to feature in the Bundesliga today.
Supporters held banners with photographs of dead, Union Berlin-supporting relatives ahead of the match. pic.twitter.com/eVVMFsopzV
— Squawka News (@SquawkaNews) August 18, 2019