Бразилецот Весли, во четвртокот стана играч на Јувентус. Весли има 19 години, игра на позицијата десен бек, а во Бразил го носел дресот на Фламенго.
Весли му предвидуваат голема кариера, во Торино пристиганл како слободен играч, а трансферот го завршил неговиот менаџер, контроверзниот Мино Рајола. Десниот бек досега ги минал сите возрасни категории во бразилската репрезентација.
Дека потпишал договор со Јувентус, фудбалерот објавил на „Инстаграм“.