Холандската фудбалска легенда, Весли Снајдер, кој во моментов настапува за катарскиот фудбалски клуб Ал-Гарафа имал сериозна сообраќајна несреќа оваа недела, во која за среќа добил само повреди на вратот и неколку модринки.
34-годишниот поранешен плејмејкер на Реал Мадрид и Интер се појави на состанок со првите луѓе на катарскиот клуб за кој потпиша ова лето со имобилизиран врат, откако во саботата даде гол во 2:3 поразот Ум Салал.
„Нашиот фудбалер имаше сообраќајна несреќа и му посакуваме брзо опоравување“, се вели на официјалниот веб-сајт на клубот.