Top Sport

Вест Бром отпуштија еден екскапитен на Манчестер јунајтед, ќе го заменат со друг?

Поранешниот капитен на Манчестер јунајтед, Рој Кин е прв фаворит на обложувалниците да се врати на тренерската работа по 11 години пауза, откако второлигашот Вест Бромвич Албион отпуштија уште еден поранешен капитен на „ѓаволите“, Стив Брус.

По само осум победи во 32 меча во осум месеци на клупата, Вест Бром му се заблагодари на Брус, поранешниот тренер на Њукасл и Хал, и според англиските обложувалници Кин е фаворит за работата пред поранешниот тренер на Барнли, Шон Дајч и поранешниот прв човек на Борнмут, Скот Паркер.

51-годишниот Кин, кој беше тренер на Сандерленд, Нотингем и Астон вила, нема работено како тренер откако доби отказ од Ипсвич во 2011 година.

Scroll to Top