Top Sport

Заврши „сагата“ на Гризман, Барса и Атлетико се договорија

Антоан Гризман веќе нема да им бизарни влегувања во игра само во последниот половина час од мечевите на Атлетико Мадрид, откко „рохибланкос“ се договорија со Барселона за постојан трансфер од 20 милиони евра, плус 4 милиони евра бонуси, ставајќи крај на еден од најбизарните трансфери на каталонскиот клуб.

Атлетико потврди дека 31-годишниот француски репрезентивец потпишал договор со тимот до 2026 година, само три години откако направи трансфер на „Ноу Камп“ вреден фантастични 115 милиони евра. Гризман, да потсетиме е четвртиот најдобар стрелец во историјата на Атлетико со 144 гола во сите натпреварувања.

Клучен проблем во зделката беше во договорот за позајмица од минатата сезона, со кој Атлетико ќе требаше да плати 40 милиони евра за фудбалерот, но со клаузул дека игра 45 минути или повеќе во 80 отсто од мечевите на Атлетико. Тренерот на тимот, Диего Симеоне го „реши“ ова, така што речиси на сите натпревари оваа сезона, тој влегуваше во игра само по 60. минута.

Scroll to Top