Истрагата за платите во модерниот фудбал, нарачана од „Дејли мејл“, покажа дека Премиер лигата е просечно најбогата, иако гигантите Барселона и Реал Мадрид даваат многу повисока плата од најдобрите англиски клубови.
Сепак, најизненадувачки се платите во два тима на кои не им оди најдобро во Премиер лигата оваа сезона, и тимови кои ги отпуштија своите менаџери – Вест Хем и Евертон. Вест Хем е 14-тиот најдобро платен фудбалски тим на светот, пред Евертон на 15. место.
Што значи тоа, најдобро зборува тоа што играчите на тие два тима имаат повисоки плати од тимови како Валенсија, Интер, Рома и Борусија Дортмунд.
Евертон имаат само една победа во 12 меча во сите натпреварувања, и имаат примено барем два гола во последните четири меча. Вест Хем се на 18. место во Премиер лигата со само две победи во 13 лигашки меча.