Вест хем јунајтед го потврдија трансферот на 23-годишниот шпански фудбалер од средниот ред Пабло Форналс од Вилјареал за 24 милиони фунти. Форналс потпиша петгодишен договор со Вест хем со опција за продолжување за уште една сезона.
Форналс, кој ќе игра за Шпанија на ЕП до 21 година во Италија, е второто најскапо засилување во историјата на „чеканите“ по Бразилецот Фелипе Андерсон кој лани дојде за 34 милиони фунти.
„Пресреќен сум што станав дел од Вест хем. Се чувствувам добро, многу среќно и благодарен сум што ми дадоа голема шанса. Ова е клуб со големи амбиции“, вели Форналс.
Форналс, кој веќе има два настапи за сениорската шпанска репрезентација, е избор на директорот на фудбал на Вест хем, Марио Хусилјос, со кого работеше во Малага. Во две сезони во Вилјареал, тој имаше 63 настапи и постигна 7 гола.
Sum up your reaction to our new signing with 3️⃣ emojis! ??? pic.twitter.com/XD7IVPfhTC
— West Ham United (@WestHamUtd) June 14, 2019