Top Sport

Вест Хем го продаде Рајс во Арсенал

Лондонски Арсенал по полноќ го комплетираше вториот најголем трансфер во историјата на англискиот фудбал. Деклан Рајс стана најскапиот Англичанец досега и стана нов играч на „топџиите“.

По долги преговори со градскиот ривал Вест Хем, Арсенал конечно го комплетираше трансферот на 24.годишниот фудбалер.

Тоа е втор најголем трансфер во историјата на англиската Премиер лига, а Рајс стана најскапиот Англичанец досега.

Вест Хем од трансферот ќе земе вкупно 105 милиони фунти. 100 милиони е вредноста на трансферот, а останатите пет милиони ќе ги заработи преку одредени бонуси.

Така Рајс стана најскапиот англиски фудбалер досега. Тој го надмина трансферот што го направија Астон Вила и Манчестер сити во зделката за Џек Грилиш, која беше договорена за 100 милиони евра.

Рекорден трансфер во англискиот фудбал го држи Енцо Фернандез. Челзи за него и плати на Бенфика во јануари оваа година 106,8 милиони фунти.

Деклан Рајс целата своја кариера ја помина во Вест Хем. За Чеканите одигра 245 натпревари и постигна 15 голови.

Scroll to Top