Top Sport

Вест Хем го реши Барнли, па го прескокна Тотенхем

Во последниот меч од 34. коло во Премиерлигата Барнли како домаќин беше поразен од екипата на Вест Хем, 1-2.
Сите три гола на мечот беа постигнати во првиот дел и тоа за 10 минути.

Домаќините преку Вуд поведоа со 1-0 во 19 минута, но „чеканите“ со двата гола на Мајкл Антонио во 21. односно 29. минута направија комплетен пресврт.

Вториот дел не донесе кој знае колку допадлив фудбал, па бодовите патуваат кон Лондон.

Со вечерашниот триумф Вест Хем го прескокна Тотенхем на табелата, па пулените на Дејвид Мојс сега се петтопласирани со 58 бодови.

Иако математички не го избори опстанокот, Барнли е на високи +9 бода зад загрозениот Фулам, на 4 кола до крајот.

Scroll to Top