Вест хем ја именуваа поранешната порно-ѕвезда Ив Ворли, со вистинско име Ема Бентон-Хјуз во бордот на клубот, откако 55-годишната Британка подолго време е партнерка на ко-претседателот на клубот, Дејвид Саливен.
Ворли беше актерка во повеќе филмови за возрасни на крајот на 1990-тите и почетокот на 2000-тите, а потоа беше и режисер на порно филмови.
Токму порно-индустријата е поле каде што нејзиниот партнер, Дејвид Саливен ги направи своите 1.1 милијарда фунти. Со својот бизнис-партнер и втор ко-претседател на клубот, Дејвид Голд, Саливен влезе беше сопственик на порнографски магазини, секс-шопови и видео-продукциска куќа на почетокот на 1970-тите, станувајќи милионер на 25 години. Тој и Голд купија 50 отсто од акциите на Вест хем во 2010 година.
Покрај Ворли, во бордот на клубот влезе и синот на Саливен, Дејв, додека неговиот втор син, Џек е менаџер на женскиот тим на „чеканите“.