Top Sport

Вест Хем купува дефанзивец од Франција

Англискиот премиерлигаш Вест Хем е во напредни преговори за ангажман на фудбалерот на Рен, Најеф Агерд. Тој многу брзо треба да се пресели во Лондон.

Раководството на „чеканите“ ќе издвои 35 милиони евра за обештетување, а францускиот клуб би можел преку бонуси да добие и дополнителни пет милиони.

Мароканскиот репрезентативец игра на позицијата стопер, иако одлично се снаоѓа и како лев бек. Рен ќе заработи многу на неговиот трансфер со оглед во август 2020 година го доведе за само 4 милиони евра.

Scroll to Top