Top Sport

Надал: Ова е неверојатно, ќе продолжам да се борам…

Рафаел Надал успеа да дојде до својот 22. грен-слем трофеј, го освои новото издание на Ролан Гарос, во финалето пред полуфиналето играше против Новак Ѓоковиќ, а таа победа практично значеше освојување на нов трофеј, со оглед дека денеска лесно го совлада Каспер Руд со 3:0 во сетови.

„Работите што ми се случуваат оваа година се сосема неверојатни, ова немаше да биде возможно без вас, особено во моментите кога бев повреден, без вас ќе се пензионирав многу, многу порано. Тука се чувствувам како дома, успеавте во тоа. Многу ми е тешко да ги опишам моите чувства. Не верував дека ќе бидам конкурентен на 36 години, дека повторно ќе играм на најважниот турнир, но ми треба многу енергија за да продолжам на ова ниво. Благодарам Париз, не знам што ќе се случи во иднина, но ќе се борам и ќе се обидам да продолжам“, изјави Рафаел Надал по големиот триумф.

Scroll to Top