Top Sport

Вајперс Кристијансад победник на ракометната ЛШ кај дамите

Ракометарките на Вајперс Кристијансад се победнички во Лигата на шампионите оваа сезона, откако во финалето во Будимпешта го совладаа Ѓер со 33:31. На полувремето остварија предност (15:13), а во вториот дел успеаја да ја одржат и заслужено го кренаа најпосакуваниот европски пехар.

Јерабкова со шест гола беше најефикасна ракометарка во победничкиот тим, а Гулден и Кнедликова постигнаа по пет погодоци.

Третото место му припадна на тимот на Мец кој го совлада Есбјерг со 32:26.

Scroll to Top