Top Sport

Вест хем му го раскинаа договорот на Вилшир

Вест хем се договорија со Џек Вилшир за раскинување на неговиот договор кој му носеше неделна плата од 100.000 фунти неделно, откако поради повреди тој имаше само 19 настапи за „чеканите“ откако пристигна од Арсенал во 2018 година и постигна само еден гол.

28-годишниот Вилшир одигра само 599 минути во 16 премиерлигашки настапи за Вест хем, откако имаше проблеми со повредите на скочниот зглоб и на бутниот мускул. Иако тој сега е фит, не одигра ниту еден меч во Премиер лигата во новата сезона, но беше дел од тимот кој играше во Лига купот.

Вилшир, кој е продукт на академијата на Арсенал, и има 34 настапи за англиската репрезентација имаше 197 настапи за „топчиите“ и со нив освои два ФА купа во 2014 и 2015 година.

Scroll to Top