Top Sport

Манчестер јунајтед го купија 16-годишниот талент Камбала

Манчестер јунајтед потврдија дека талентираниот 16-годишен бек на Сошо, Вили Камбала потпиша договор со „ѓаволите“ и веднаш ќе биде пратен во У-18 тимот.

Тинејџерот ќе ги чини Јунајтед 4 милиони евра со клаузула дека францускиот клуб ќе добие 20 отсто од секој иден трансфер на Камбала, кој се смета за еден од најталентираните млади француски фудбалери кој веќе беше капитен на У-17 репрезентацијата на Франција.

Додека Јунајтед не успеа да донесе многу звучни имиња за првиот тим, нивниот младински состав се засии со повеќе фудбалери. На „Олд Трафорд“ пристигнаа тројца Шпанци: Марк Журадо (Барселона), Алваро Фернандез (Реал Мадрид) и Алехандро Гарначо (Атлетико Мадрид), како и младите напаѓачи на Саутемптон, Џо Хјуџил и Логан Пај. Покрај нив, пристигна и Исак Хансен-Аронен од норвешкиот Тромсо и Радек Витек од чешкиот Оломоуц.

Манчестер Јунајтед за анонимен тинејџер издвоија 30.000.000 евра

Scroll to Top