Фудбалскиот клуб Вест Хем поднесе официјална жалба до Премиер лига поради судењето на Крис Кавана на неделниот натпревар против Арсенал. Главната замерка на клубот, секако, е поништениот гол за 1:1, на Калум Вилсон во 95. минута.
Кавана првично го призна погодокот, но откако доби повик од ВАР собата, каде седеше Дарен Ингланд, по четири минути и 17 секунди реши да го поништи голот поради прекршок на Пабло врз голманот Давид Раја.
Поништениот гол има големо влијание во борбата за титулата и борбата за опстанокот што ја води Вест Хем.
Клубот исто така бара да биде објавена аудиоснимка од разговорот меѓу Кавана и Ингланд.
Доколку вечерва Тотенхем го победи Лидс Јунајтед, Вест Хем ќе заостанува четири бода зад Тотенхем. Тоа би значело дека клубот може и официјално да испадне уште по натпреварот против Њукасл следната недела.
