Top Sport

Зидан одби да даде одговор за трансферот на Раул Хименез

Зинедин Зидан одби да даде одговор на шпекулациите дека Реал Мадрид се пред трансфер на напаѓачот на Вулверхемптон, Раул Хименез, кратко одговарајќи дека е задоволен со тимот кој го има.

Еднаш познати како „Галактикоси“, клуб кој не штедеше пари да го донесе фудбалерот кој го сака, Реал Мадрид сега се „тивки“ во летниот преоден рок поради финансиските проблеми со корона вирусот, и повеќе продаваа отколку што купуваа.

Во Англија се тврди дека мексиканскиот напаѓач Хименез е еден од тие на кои Зидан смета во иднината, но засега Французинот одбива да „соработува“ со медиумите.

„Ќе ви одговорам вака: Го имам овој тим и не знам што се случува на други места. Фокусиран сум на тие кои ги имам. Може да има разговори за другото, но јасно ќе ви кажам дека не знам. Сите имаат свои мислења, за мене, јас ги имам најдобрите тука во Мадрид. Пазарот е отворен до 5 октомври и имаме голем тим“, вели Зидан.

Тренерот исто така одби да коментира дали ќе ги прати Лука Јовиќ и Борха Мајорал на позајмица.

„За тоа нема воошто да ви одговорам. Ги бројам фудбалерите кои имаат договор, а ќе видиме што ќе се случи“, додава Французинот.

Scroll to Top