Актуелниот победник во Конференциската лига, тимот на Вест Хем, би можел да го земе на позајмица напаѓачот на Милан, Дивок Ориги, тврди „Газета дело Спорт“. Според изворот, 28-годишниот напаѓач е желба на менаџерот на лондончани, Дејвид Мојс.
Ориги минатото лето се пресели во Милан. Во сезоната 2022/23, Белгиецот одигра 36 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи два гола и една асистенција.
Договорот на напаѓачот со „росонерите“ е до јуни 2026.