Top Sport

Виландер: Ѓоковиќ најмногу губи од моменталната ситуација

Матс Виландер, поранешен број 1 на светскиот тенис кој сега работи како аналитичар, смета дека паузата што настана поради коронавирусот најмалку им одговара на Новак Ѓоковиќ и младите тенисери.

Ѓоковиќ, во моментот кога сезоната е прекината беше во страшен налет, ги освои турнирите во Мелбурн и Дубаи и се зацврсти на првата позиција на АТП листата.

„Најголем губитник е Ѓоковиќ. Не загуби ниту еден меч од почетокот на сезоната, пандемијата го сопре неговиот налет“, вели Виландер.

„Исто така од оваа ситуација многу губат и младите играчи. Циципас, Шаповалов, Оже-Алијасим не ги интересираат тренинзите, тие најдобро напредуваат играјќи мечеви. Единствени што профитираат се оние кои беа повредени по завршувањето на Австралија опен. Кога ќе продолжи сезоната сите ќе започнат од нула. Лошо е што никој не знае кога тоа ќе се случи“.

АТП и ВТА се надеваат дека сезоната ќе може да продолжи на 13 јули.

Scroll to Top