Top Sport

Вест хем со маки го мина петтолигашот Стокпорт

Вест хем се намачи на гостувањето кај англискиот петтолигаш Стокпорт каунти, но сепак, избегна елиминација со 1:0 победа во третото коло од ФА купот.

Единствениот гол на мечот го постигна дефанзивецот Крег Досон, 10 години по неговиот претходен гол во ова натпреварување, откако по нафрлањето на Џерод Боуен беше највисок во скокот. Последниот гол во ова натпреварување, Досон го дал во 2010 година како фудбалер на Рочдејл против Јунајтед оф Манчестер.

Scroll to Top