Top Sport

Ветераните Суарез и Кавани го предводат поширокиот список на Уругвај за Мундијалот

Уругвајскиот селектор Диого Алонсо го објави поширокиот список на фудбалери (55) кои ќе бидат во изборот за тимот на Мундијалот во Катар, потпирајќи се на искусното напаѓачко дуо, Луис Суарез и Единсон Кавани, но и на помладите ѕвезди како Феде Валверде и Дарвин Нуњез. Алонсо исто така во тимот го вклучи и дефанзивецот на Барселона, Роналд Араухо, иако тој е повреден и тешко е да се очекува дека ќе се опорави до стартот на првенството во Катар.

Уругвај е во групата со Гана, Јужна Кореја и Португалија. Конечниот список од 16 фудбалери ќе биде познат пред стартот на Мундијалот на 14 ноември.

Scroll to Top