Top Sport

Хабиб: Махачев ќе има 4.000 Дагестанци на трибините во Абу Даби

УФЦ легендата, Хабиб Нурмагомедов смета дека неговиот добар пријател и тренинг-партнер, Ислам Махачев ќе одговори на предизвикот на најголемиот меч во неговата кариера и дека ќе го наследи како шампион во лесна категорија во дуелот со Бразилецот Чарлс Оливеира во Абу Даби овој викенд.

Оливеира ја освои титулата која ја „ослободи“ Хабиб со пензионирањето, но таа му беше одземена откако во мај не успеа да ја достигне потребната тежина пред мечот со Џастин Гетџи. Овојпат, Оливеира и Махачев ја исполна потребната тежина и саботниот меч на „Етихад арената“ ќе биде за титулата.

„Ова е најголемиот меч во неговиот живот и знам што чувствува. Чувствува притисок, нервоза, возбуда. Сфаќа дека сонот му е на дофат. Целиот тим е тука да му помогне, да му даде совет и енергија и да го земе појасот. Во Абу Даби сме како во втор дом. Имав мечеви тука и знам каква е атмосферата пред 17 илјади луѓе. Знам дека 3.000-4.000 луѓе од Дагестан веќе се тука, така што Ислам ќе излезе како пред домашна публика“, вели Нурмагомедов.

Scroll to Top