Top Sport

Видал е подготвен да го напушти Баерн

Баерн Минхен е подготвен да го продаде Чилеанецот Артуро Видал, објави „Билд“. Интерес за 31-годишниот фудбалер покажале Челси и Манчестер јунајтед.

Видал пристигна во Минхен од Јувентус во 2015 година и со Баерн освои три титули во домашното првенство, но не успеа да направи позначаен резултат во Лигата на шампионите.

Според „Билд“, Видал, исто како и Хуан Бернат и Џером Боатенг, не се наоѓа во плановите на новиот тренер Нико Ковач.

Истиот извор тврди дека Челси и Манчестер јунајтед биле подготвени да платат 30 милиони фунти за неговиот трансфер.

Scroll to Top