Многумина се сомневаа во одлуката на Барселона кога минатото лето во тимот пристигна Артуро Видал. Искусниот Чилеанец сепак успеа да се наметна кај тренерот Ернесто Валверде, а неговите добри изданија во клубот се подготвени да ги наградат со нов договор.
Артуро Видал има договор со Барселона до 2021 година, а според каталонскиот весник „Спорт“, во клубот имале намера да го задржат уште една сезона.
„Секогаш дава се од себе на теренот и вложува повеќе труд од останатите, тоа е неговиот најголем квалитет“, рекол тренерот Валверде.
Чилеанецот сезонава настапил на 45 натпревари за Барселона, има учинок од два гола и пет асистенции.