Top Sport

Видал останал должен во Торино, судот му заплени четири куќи

На поранешниот фудбалер од средниот ред на Јувентус, Артуро Видал му се запленети четири стана во Торино, откако останал должен десетина илјади евра.

Според шпанската „Марка“, сегашниот фудбалер на Барселона имал долг од 18.489 евра, по што судот во Торино му запленил четири куќи во градот на Чилеанецот. Видал должел 17.045,76 евра на туристичка агенција во Торино, и на 24 декември ја добил судската пресуда една година по стартот на легалниот случај.

Последното предупредување било до крајот на 2018 година, краен рок за исплата на долгот, пред куќите да бидат дадени на аукција. Откако тој не го платил тоа, Видал ќе треба да ги надополни и трошоците од 12.058 евра.

Видал освои четири скудета и играше едно финале на ЛШ со Јувентус, пред да замине во Баерн Минхен во 2015 година.

Scroll to Top