Top Sport

Видал: Јас не сум антимадридиста!

Артуро Видал првпат се соочи со шпанските новинари како фудбалер на Барселона, и тие имаа доста незгодни прашања за него – од омразата кон Реал Мадрид, до односите со Лионел Меси.

Видал минатата година ги нарече фудбалерите на Реал „стаорци“ по нивната победа во контроверзниот двомеч со неговиот поранешен клуб Јувентус, откако претходно две години се судираше со „кралскиот клуб“ во Лигата на шампионите и беше на губитничката страна.

„Не знам дали имам некои нерасчистени сметки со Мадрид, но целта е да се освои Лигата на шампионите. Да го оствариме тоа ќе биде потребно да бидеме подобри и од Мадрид. Јас не сум антимадридиста. Јас ќе бидам ривал на сите кои ќе играат против Барса. Немам лични ривали, туку мои ривали се тие на мојот клуб“, вели Видал.

Секако, тука е и односот со Лео Меси, иконата на каталонскиот клуб, откако како бумеранг му се вратија изјавите дека „правилата важат за сите, освен за Меси“.

„Има многу големи фудбалери во Барселона, а да се игра со Меси е нешто посебно, бидејќи се работи за најдобриот фудбалер во историјата. Се надевам дека ќе бидам на такво ниво“, додава 31-годишниот Чилеанец.

Барса потпишa со Видал, навивачите на Реал се „наострени“

Како Меси ќе го прифати Видал во тимот?

Scroll to Top