Top Sport

(Видео) Астон Вила во финишот го скрши отпорот на Лутон

Астон Вила ја продолжи победничката серија, откако во 27.коло победи во Лутон со 3:2.

Тимот на Унаи Емери имаше предност од два гола, но до триумфот дојде во 89.минута. Оли Воткинс, потврди дека ја игра најдобрата сезона во кариерата. Постигна два гола во 24. и 38 минута.

Сепак Лутон успеа да се врати во мечот. Чонг намали на 1:2 во 66.минута, а шест минути подоцна израмни Морис.

На крајот Вила успеа да победи со голот на Дињ во претпоследната минута.

Астон Вила со 55 поени се наоѓа на четвртото место на табелата. Лутон е во опсната зона, има 20 поени.

Scroll to Top