Top Sport

(Видео) Ливерпул во 99.минута победи во Нотингем

Ливерпул и по 27.коло ќе остане на челната позиција во Премиер лигата. „Црвените“ по четири децении успеаја да победата на „Сити граунд“ во Нотингем. Херој на Ливерпул стана Дарвин Нунњес кој погоди во последните секунди од натпреварот.

Имаше Ливерпул свои шанси да го реши натпреварот порано, но исто така можеше и Нотингем да го шокира лидерот. Еланга имаше две дпбри шанси, една во првото и една во 80.минута кога шутираше крај голот.

Бодовите на Ливерпул му ги обезбеди Нуњез во 99.минута.

Челзи се мачи оваа сезона, со поразот во финалето на Лига купот ја пропушти шансата да избори пласман во европските купови, бидејќи сигурно тоа нема да го направи преку Премиер лигата. Особено откако не успеа да победи кај Брентфорд.

„Сините“ водеа со голот на Џексон од 35. минута. Но, домаќинот одигра одлично второ полувреме. Најпрвин Расмусен израмни, а пресврт направи Виса. Бод за Челси спаси Дисаси во 84.минута.

Тотенхем со пресврт го доби градското дерби против Кристал Палас со 3:1. Кристал Палас поведе во 59. минута во северен Лондон, Еберечи Езе изведе фантастичен слободен удар од 18 метри, Викарио беше немоќен.

Следуваше офанзива на домашниот тим, Вернер пропушти одлична шанса за израмнување, Џонстон брилијантно го одбрани неговиот удар. Сепак, не можеше да направи ништо во 78. минута, овојпат прецизен беше Вернер, тоа беше неговодеби гол за Тотенхем.

Три минути подоцна водство на Тотенхем му донесе Ромеро, точка на мечот стави капитенот СОн во 88.минута.

Вест Хем по пресврт оствари голема победа против Евертон – 3:1. Тимот на Ливерпул поведе во 56. минута, а Бето потоа се искупи за промашениот пенал на крајот од првото полувреме.

И Вест Хем славеше по пресврт. „Чеканите“, на „Гудисон парк“ го победија Евертон со 3:1. Бето промаши пенал во првото полувреме за Евертон, но се искупи во 56.минута кога погоди за 1:0. До крајот Вест Хем најпвин изедначи со голот на Зума, а потоа победи со два гола во судиското надополнување. Стрелци беа Соучек во 91. и Алварез во 96.минута.

Њукасл рутииснки со 3:0 го победи Вулверхемптон. Ајзак, Гордон и Ливременто беа стрелци за Њукасл. Идентична победа запиша Фулам против Брајтон.

Scroll to Top