Top Sport

(ВИДЕО) Атлетико Мадрид и Шахтјор Доњецк славеа со пресврт во ЛШ

Атлетико Мадрид го совлада Феенорд со 3:2 во драматичен натпревар на „Ванда Метрополитано“.

Алваро Мората беше стрелец на два гола, додека Антоан Гризман постигна еден погодок и беа творци на пресвртот.

Феенорд двапати водеше во првиот дел, со автоголот на Хермосо и голот на Ханко, но, сепак, Атлетико Мадрид стигна до значајна победа.

Шахтјор Доњецк направи огромен пресврт и победи со 2:3 на гости кај Антверпен, иако домаќинот по првиот дел имаше два гола предност.

Буја и Маликвиша стрелаа за Антверпен, но Шахтјор дојде до победа со двата гола на Сикан и погодокот на Ракицкиј.

Scroll to Top