Top Sport

Феникс со уште еден убедлив пораз од Рошток се прости од Европа

Кошаркарите на Феникс 2010 го завршија својот настап во Е квалификациската група од ФИБА Еврокупот, со убедлив пораз (72:101) во натпреварот со германскиот тим Рошток.

На истекот на првата четвртина Феникс 2010 заостануваше со шест поени (16:22), но проблемите во играта, особено во одбраната, се појавија кога поради три лични грешки на

клупата мораше да седна најискусниот во нивните редови, Бојан Трајковски.

Германскиот тим го искористи тој момент на „недостаток на сантиметри“ во рекетот на Феникс 2010, и до полувремето обезбеди висока предност (47:31).

Со така скратена ротација, беше уште потешко за нашиот претставник во вторите 20 минути.

Рис беше најефикасен со 19 поени, Хајнс-Џонс додаде 15, Даниел 12, а младиот Зетов уште 10 поени за Феникс 2010 на разделбата од Европа.

Scroll to Top