Top Sport

(ВИДЕО) Атлетико Мадрид најде решение и за Реал Сосиедад

Атлетико Мадрид го победи Реал Сосиедад со 2:1 на „Ванда Метрополитано“. Тимот на Дего Симеоне продолжува со победнички ритам, а херој е Антоан Гризман кој реализираше пенал во 89.минута.

Лино го доведе Атлетико Мадрид во водство во 27.минута, но израмни Микел Ојарзабал во 73.минута. Сепак, Атлетико не се откажа од намерата за триумф на овој меч и успеа да ја реализира во самиот финиш.

Scroll to Top