Фудбалерите на Баерн Минхен ја подобрија формата во финишот од сезоната и по пласманот во полуфиналето во Лигата на шампионите, го забележаа вториот последователен триумф во Бундеслигата.
Баварците во 30. коло во германското првенство славеа на гости во Берлин, против Унион со 1:5 (0:2).
Избраниците на Томас Тухел се втори на табелата со 13 бодови помалку и натпревар повеќе од новиот шампион Баер и три повеќе од Штутгарт, кој во недела гостува во Бремен. Унион Берлин е 14-ти со 29 бодови.
Првото полувреме во главниот град на Германија помина во изедначена игра, двете екипи имаа неколку солидни шанси, а Баерн погоди најмногу благодарение на индивидуалните квалитети на Горецка и Кејн. Првиот погоди во 29., а вториот на истекот на првото полувреме, од слободен удар. Англичанецот го постигна 33. гол сезонава во Бундес лигата.
Ветеранот Милер со волеј удар во 53. минута му донесе огромна предност на својот тим.
До крајот на натпреварот младиот Тел го постигна својот шести гол сезонава, а во 66. минута Милер уште еднаш го матираше домашниот голман Фредерик Ронов за 0:5.
Тоа беше петти гол за искусниот Германец во Бундеслигата оваа сезона. Јорбе Вертесен го постави конечниот резултат во првата минута од судиското надополнување.