Top Sport

(Видео) Барди погоди од слободен удар, Транбзон загуби од Фенербахче

Фенербахче победи во дерби мечот одигран во Трабзон, во рамките на 30.коло во Суперлигата на Турција. Фенер славеше со 3:2.

Фенербахче со двата гола на Бразиелцот Фред, го доби првиот дел со 2:0. Трабзон успеа да се врати во головите на Барди и Трезеге. Трите бода на Фенер му ги обезбеди Батшуаи во 87.минута.

Барди го совлада Ливаковиќ од слободен удар. Македонскиот репрезенттивец го постигна четвртиот гол сезонава.

По 30 рунди, Трабзон е на третото место со 49 бодови. Лидер во Турција е Галатасарај со 61 бод, два повеќе од Фенербахче.

Scroll to Top