Top Sport

Швјонтек ја декласира Сакари и го освои Индијан Велс

Најдобрата светска тенисерка Ига Швјонтек ја освои титулата на Мастерсот во Идијан Велс. Швјонтек во финалето ја декласира деветтата носителка Марија Сакари со 6:4, 6:0.

Тенисерката од Полска стигна до 19. трофеј во кариерата, вкупно осми на турнирите од серијата 1.000.

Ига се наметна од стартот на мечот, направи брејк во вториот гем и поведе со 3:0, но Сакари успеа да се врати во мечот и да изедначи на 3:3. Сакари имаше предност 5:4, но од тој момент на теренот постоеше само Швјонтек.

Таа го освои својот сервис, птоа со брејк го освои првиот сет, а во вториот не и препушти ниту еден гема на противничката.

Финалниот меч траеше 69 минути.

Scroll to Top