Барселона направи голем чекор кон одбрана на титулата во Ла Лига, откако го победи Хетафе со 2:0, во Мадрид, во 32-то коло.
Каталонскиот тим поведе во судиското продолжение во првото полувреме, кога Фермин Лопес ја искористи прекрсната асистенција на Падри. Пред тоа, Барселона имаше повеќе од играта, но домаќинот успеа да ги неутрализира сите напади.
Во првиот дел од натпреварот, Роберт Левандовски, Дани Олмо и Руни Барѓи имаа шанси, додека Хетафе беше најопасен преку Мауро Арамбари.
Во вториот дел, домашните играчи влегоа поагресивно, обидувајќи се да го нарушат ритамот на противникот, но без конкретни можност. Олмо имаше уште неколку обиди, но не успеа да го зголеми водството.
Барселона победата ја обезбеди кога Маркус Рашфорд искористи голем простор во одбраната на Хетафе и ги постигна конечните 2:0.
Со оваа победа, Барселона стекна предност од 11 бода на врвот на табелата, на пет кола до крајот на првенството. Блауграна има реална шанса да ја обезбеди титулата веќе во следните натпревари против Осасуна и Реал Мадрид.
Foto/ EPA
